-ЛОКОМОТИВА ИГРА ДОМА СО МЛАДОСТ 1930 ,

-ВАРДАР НЕГОТИНО СО ОБРШАНИ

-МАРЕНА ГО ПРЕЧЕКУВА БРАТСТВО

Во недела ке стартува пролетниот дел од првенството и во третата фудбалска лига група југ. Лидерот на табелата екипата на „Локомотива“ е апсолутен фаворит во дуелот со тимот на „Младост 1930“ во натпревар кој се игра на стадионот во Градско. Второпласираната екипа на „Ново Црнилиште“ на домашен терен игра со „Младост“ од Удово. Амбициозниот тим на „Вардар“ од Неготино го пречекува тимот на „Обршани“. Дербито на дното ке го одиграат „Питу Гули и „Динамо“. Во Марена истоимената екипа го пречекува тимот на „Братство“. Во Башино Село ке играат „Илинден БС“ и „Големо Коњари“ а „Напредок“ од Крушеани го пречекува „Дојранско Езеро“. Слободна во ова коло е екипата на „Превалец“

м.в.