Oдамна во Кавадарци на Грдскиот стадион во Кавадарци немло толку публика. Наша проценка е околу 3.000 гледачи.
Вистински празник на фудбалот, глетка каква одамна немаме видено.Со 4 : 0 ГФК Тиквеш го декласирапше Вардар од Неготино во рамкоите на редовното првенство во кое Тиквеш атакува на пласман во Прва лига.Тоа е амбицијата и на претседателот Масларков ,тренерот Димитковски и играчите а се разбира тоа најмногу го посакува публиката бидејќи за неа се игра фудбал.
На теренот убедливо подобра игра на играчите на ГФК Тиквеш.Четирите голови ги постигнаа; Најдов два гола, потоа Ивановски и Лазаров. Лошиот терен на моменти ги спречуваше акциите но на крај се се заврши како поскауваше публиката и ГФК Тиквеш.
Навивачите „Лозари Исток„приредија огнено навивање со пеење, а врв на се беше 3 D транспарентот со знамето на Кавадарци со Костурницата на средина, баклијадата...
Полицијата , ја имаш на сите клучни места каде беше потребна и добро си ја заврши работата:Не се случи, ниту еден инцидент.Овој натпревар заради ривалитетот на навивалите од двата града беше прогласен за натпревар со висок ризик
И градоначалникот Митко Јанчев го забележавме на Градскиот стадион.Видно задоволен од атмосферата и мноштвото народ кој дојде на средбата тој се фотографира , и фотосот го објави на својот ФБ профил на која напиша:„Се враќа сјајот на кавадаречкиот фудбал. Стадионот преполн како во минатото.“
Се на се одлична фудбалска претстава.Вистински фудбалски празник кој ке се памети.
Честитки за тренерот Љупчо Димитковки- Гањо, сите играчи,особено стрелците, Мојсов, и одбраната.
Напред Тиквеш, чесно и поштено.
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/562843624125045/
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/520708528335293/
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/323541088306981/