МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НЕГОТИНСКИОТ ТРЕТОЛИГАШ ЗАБЕЛЕЖА УБЕДЛИВА ПОБЕДА ПРОТИВ ПРИЛЕПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ

Фудбалерите на „Вардар“ од Неготино одиграа контролен натпревар со прилепска „Победа“ и покажаа дека имаат квалитет да се борат со многу посилни и подобро и повисоко рангирани екипи. Неготинскиот третолигаш на средбата која се одигра на стадионот во Неготино му очита мала фудбалска лекција на прилепскиот второлигаш забележувајки висока победа од 3:0. Избраниците на Никола Глигоров од самиот старт тргнаа силовито и постигнаа два брзи гола преку Александар Трајков и Петар Најдов.2:0 беше и резултат со кој се замина на полувреме. Неготинчани во целост ја контролираа играта и резултатот па во вториот дел со голот на Ѓорѓи Шиков ги поставија конечните 3:0. За време на викендот екипата на „Вардар“ најверојатно ке одигра уште еден контролен натпревар.

м.в.