МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oва школа се реализира во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија , конкретно со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и ГФК Тиквеш, истовремено, од 17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци.

Во Кавадарци под стручно раководство на Мигел-Ангел од Реал Мадрид пет дена 53- запишани деца од различни возрасти, тренираа исклучиво според методологијата на големиот Реал Мадрид и неговите фудбалски школи во светот.Според принципите на „Реал Мадрид Фондација Клиник“, младите фудбалери имааа можност да уживаат во уникатен пристап за обука и спортски вредности и се стекнаа со неверојатно фудбалско искуство.Видовме , како екипа на РТК.МК ,дека тренерите од фудбалскиот клуб Тиквеш, кои беа вклучени во кампот работеа според уникатниот пристап и методи за обука на „Реал Мадрид Фондација Клиник“-„ГФК„Тиквеш е задолен што беше дел од овој проект на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ .Клубот стори се нашите младински школи, а и сите други фудбалери кои ќе имаа желба, да уживаат максимално и да ги научат тајните на фудбалот од врвните тренери на „Реал Мадрид Фондација Клиник“ во нашиот град“ .

Денеска Мигел Ангел на сите учесници на школата им врачи сертификати за успешно завршена школа , а двајца или тројца од кавадаречката школа ке бидат одбрани и бесплатно ке бидат учесници на фудбалски камп наесен во Мадрид.ГФК Тиквеш беше одличен домаќин.

Генерален спонзор на Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia беше Компанијата Кожувчанка од Кавадарци.