НА ФК„ЉУБАНЦИ“ ВО САБОТА ЈА ПРЕЧЕКУВА ЕКИПАТА НА ТЕТЕКС

Лошите резултати во воведните седум кола од втората по ранг македонска фудбалска лига го вклучија црвеното светло во тимот на Љубанци, па паузата поради репрезентативните настапи беше искористена за темелни промени во клубот, на чија клупа веќе ќе го нема Бојан Захариев, а во играчкиот ростер ќе недостасуваат и играчите кои дојдоа во пакет со него.

За разлика од тоа, тренерската палка ја превзеде искусниот кавадаречки двоец Борче Митрев и Ѕвонко Костов, кои на располагање ќе ги имаат фудбалерите кои воглавно потекнуваат од Кавадарци, и му донесоа второлигашки статус на тимот.

Иако е рано за да се почуствува нивното влијание во тимот, сепак работите ќе мора да се одвиваат во забрзан ритам затоа што веќе утре, сабота, 15 октомври продолжува второлигашкиот шампионат. Во рамки на осмото првенствено коло, во Кавадарци ќе гостува претпоследно пласираниот тим на Тетекс, што е одлична можност да се стигне до вториот сезонски триумф и да се напушти последната позиција на првенствената табела.

Почетокот на натпреварот е закажан во 14 часот и 30 минути.