Ako сакаме во Прва лига мора да ја нагазиме гаста, и да играме подобар фудбал од оној кој денеска го прикажавме .
Тоа е накратко нашата констатација по денешниот втор пораз на ГФК Тиквеш 1930 на свој терен овде во Кавадарци.Фудбалерите имаа желба за победа , но немаа игра.И покрај неколкуте шанси за гол, играта на теренот, беше катастрофално лоша.Намeсто да се додава, топката или се држеше или со неа се правеа индивидуални дриблања кои никому не му одеа од рака.Кон голот освен Мојсов и Шиков, и можеби уште еден - двајца играчи ,немаше сериозен шут,
Кожуф пак иако немаше некоја посебна игра, сепак ги користеше грешките на Тиквеш, и од обични доаѓаше до гол шанси.Гoлманот Игески заради повреда на рамото паузираше овој натpревар.
Полн стадион на Градски- интерес голем, публика околу 1.000 гледачи, сите желни за победа за полни позитивни батерии.Средства за работа на клубот според градоначалникот и Советот на Општината има . Арно ама по вториот пораз на свој терен , а со амбиција за влез во Прва лига, некако стивнува еуфоријата иако сеуште е рано за црни сценарија.
Сега не е време за фрлаље на ракавицата.Треба да се направи стратегија за брза поправка на на грешките, но пред се истите треба да се лоцираат.Нив ги има пред се во фудбалерите.ДА се одреди вистинската игра , која никогаш 100 посто не може да носи бодови, но Тиквеш треба барем да созаде допадлив и сигурена игра, фудбал кој ке носи победи или поволни резултати.
Две години по закрепнувањето, на ГФК Тиквеш му треба витаминска терапија, која поворнио ке го крене нозе .Публиката и навивачите секогаш е со својот Тиквеш.
А управата и стручниот тим, можат во од - да ги решат проблемите.Не се лесни.Треба да се повлечат вистиснките потези и чекори, и смели одлуки. Кога го велиме ова мислиме пред се на реорганизација на играта-која денеска беше слаба и бескрвна.
Тиквеш денеска загуби од ФК Кожуф со 0 : 1.
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/419630785417500/