Нашите репрезентативци испукаа петарда нагости и во недела на домашен терен ке се борат за место во баражот за СП 2022

Македонската фудбалска А репрезентација одигра перфектен натпревар против Ерменија на гостински терен во кој славеше со убедливи 0-5. Капитенот Барди постигна хет трик а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Трајковски и Ристовски. Нашите репрезентативци сега сами ке си ја кројат судбината за место во баражот за пласман на СП 2022. Имено во последното коло од квалификациите на мечот против Исланд во недела во Скопје нашите со победа ке обезбедат бараж натпревар за светскиот собир. Токму Исланѓаните ни ја дадоа оваа шанса откако вчера одиграа 0-0 со Романија во Букурешт. Па, Македонија сега има бод предност во однос на Романците, и како второпласирана на табелата ќе го очекува последното квалификациско коло. Во нашата група убедливо прва е Германија која синоќа го декласираше Лихтенштајн со 8-0.Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра без победник против Украина во натпревар од 5 коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година. На тренинг центарот „Петар Милошевски" нашите фудбалери во еден возбудлив и неизвесен натпревар одиграа нерешено 1:1 против незгодната Украина. Нашата селекција со овој нерешен исход има освоено вкупно 6 бодови и останува на третата позиција. Украина за прв пат одигра нерешено во овие квалификации.Во вторник на 16 ноември нашите младинци ке ја нагостат силната селекција на Франција.

М.В.

safe_image

255474630_598129904861425_5471820361662370819_n