МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По победата над Тетекс, фудбалерите на “Љубанци “ од Кавадарци повторно им се вратија на поразите и на последното место во втората фудбалска лига.

Во деветото првенствено коло, фудбалерите на Љубанци беа поразени на гостувањето во Новаци кај истоимената екипа, која со новиот триумф ја продолжи трката за првата позиција на која се наоѓа тимот на Академија Пандев. Победата на домаќините ја најави Никола Калевски со гол уште во петтата минуа, за да Кирил Степановски во 48мата минута ги постави конечните 2-0.

Во следното коло кое е на програмата следниот викенд, Љубанци ќе има уште едно тешко гостување, овој пат кај третопласираниот тим на Скопје.