МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИКВЕШ КЕ ПАТУВА ВО ГОСТИВАР А РОСОМАН НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ИМА ТЕЖОК ПРОТИВНИК ВО СТРУМИЧКА БЕЛАСИЦА

Од денеска и официјално стартуваат натпреварите од 1/16 финалето од Купот на Македонија, или првата рунда во нашето најмасовно спортско клупско натшреварување. Во оваа фаза ке се одиграат 12 натпревари и тоа поради фактот што ФФМ им овозможи на ланските полуфиналисти, кои не го завршија ова натпреварување, а тоа се екипите на „Брегалница“, „Шкендија“, „Струга Трим Лум“ и „Академија Пандев“ директно да се најдат во 1/8 финалето. Второлигашот „Кит Го“ мечот со „Скопје“ ќе го игра во Штип и тоа во ноќен термин, со почеток од 18 часот. Останатите средби се играат утре (среда) со почеток 15:30 часот. Да бидеме попрецизни само еден натпревар се игра денес (вторник), и тоа средбата помеѓу „Вардар“ од Форино и скопски „Вардар“. Ке се игра во Гостивар ден порано од останатите зошто веке утре, во среда, екипата на „Гостивар“ го дочекува составот на „Тиквеш“.Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат па затоа сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај следната година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-ФИНАЛЕ)

„Велазерими“ – „Работнички“

„Слога“ Виница – „Шкупи“

„Вардар“ Форино – „Вардар“

Скопје„Охрид“ – „Ренова“

„Лабуништа Тетекс“ – „Силекс“

„Кит Го“ – „Скопје“

„Победа“ – „Македонија ЃП“

„Љуботен“ – „Пелистер“

„Каменица Саса“ – „Борец“

„Гостивар“ – „Тиквеш“„Велешта“

„Кожуф“„Росоман“ – „Беласица“

Росоманчани добија тежок противник во прволигашот „Беласица“. Но на струмичани во првата лига не им цутат рози бидејки се последни на табелата со 6 порази од исто толку средби а во последното коло беа поразени дома од „Пелистер“.И „Росоман“ има проблеми со картоните па ке отсуствуваат неколку стандардни првотимци а во разговор со тренерот Глигоров дознавме дека шанса ке добијат и оние кои досега иимале помала минутажа. „Тиквеш“ пак ке патува во Гостивар кај истоимената екипа која е претендент за највисок пласман во втората лига запад. Во моментов гостиварчани се втори на табелата зад лидерот „Скопје“ а во последното првенствено коло на домашен терен одиграа само 1-1 со тимот на „Велешта“. „Тиквеш“ во овој дуел влегува како лидер во втората лига исток но само да потсетиме дека веке во сабота кавадарчани ги чека големото дерби со штипска „Брегалница“.

м.в.