КАВАДАРЕЧКИТЕ ФУДБАЛЕРИ КАКО ПРЕТЕНДЕНТИ ЗА ПРВАТА ЛИГА ДОСЕГА НЕМААТ ПОРАЗ ВО КОНТРОЛНИТЕ СРЕДБИ
Утре во Градско ке се одигра пријателски контролен натпревар. Екипата на „Локомотива“ во моментов е лидер во третата македонска фудбалска лига - група југ и се најсериозни претенденти за пласман во втората фудбалска лига група исток. Тие утре ке го нагостат второлигашот „Тиквеш“ кој и натаму има прволигашки амбиции. Според информациите до кои дојдовме, третолигашот гарантира исчистен терен и оптимални услови за одигрување на контролен натпревар. „Локомотива“ досега загуби од „Росоман“ а го совлада „Црнилиште“ додека „Тиквеш“ нема пораз во пријателските средби. Минатиот викенд „Тиквеш“ во Кочани требаше да одигра контролен тромеч со „Осогово“ и „Дубочица“ но средбите беа откажани заради обилните врнежи од снег. Само да споменеме дека тимот од Градско на оваа средба ке биде без Насаф Шабанов кој премина во редовите на екипата на „Братство 07“
м.в.