МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

БЕЛАСИЦА СЛАВЕШЕ СО УБЕДЛИВИ 1-5 НА ГОСТУВАЊЕТО ВО РОСОМАН

Екипата на „Росоман“ имаше супер тешок противник во купот во прволигашот „Беласица“ без разлика на моменталната состојба на струмичани во прволигашката конкуренција. Од друга страна „Росоманчани“ имаа проблем со големиот број картони па неколку стандардни првотимци ги одработуваа казните во оваа куп средба за да можат да играат на важното гостување викендов кај „Плачковица“. Беше и најавено дека шанса да играат ке добијат оние со помала минутажа досега па оттука и поразот од „Беласица“ можеме да кажеме дека не боли толку но можеби ке боли висината на поразот бидејки струмичани на крај славеа со убедливи 1-5.

м.в.