УТРЕ КАВАДАРЕЧКИОТ ВТОРОЛИГАШ ВО СТРУМИЦА КЕ ИГРА СО ПРВОЛИГАШОТ БЕЛАСИЦА
Кавадаречките фудбалери во зимски услови со екстремно ниски температури ги одработуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Второлигашот „Тиквеш“ заедно со новиот шеф на стручниот штаб Пане Блажевски го одработуваат зацртаното, и полека ја согледуваат актуелната состојба со играчкиот ростер односно ке има ли потреба од нови засилувања. Веке се закажани и пет пријателски контролни натпревари преку кои екипата ќе ја темпира формата за пролетниот дел од првенството во ВМФЛ – група исток. Па така веке утре „Тиквеш“ ќе одигра контролка со „Беласица“, потоа следува натпревар со „Плачковица“ од Радовиш на 30. јануари. За 6 февруари е закажана контролка со прволигашот „Работнички“. Четвртиот контролен натпревар ќе се игра на 13 февруари со „Осогово“ од Кочани, додека „генералката“ е закажана со прилепска „Победа“ на 20 февруари.
На стартот на пролетниот дел „Тиквеш“ игра со „Росоман“ да се надеваме на градскиот стадион во Кавадарци.
м.в.