ТИКВЕШ И БРЕГАЛНИЦА ЗАБЕЛЕЖАА ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ
Шестото коло во втората македонска фудбалска лига група исток помина според очекувањата. „Брегалница“ како фаворит продолжи со позитивните резултати и на рутински начин славеше против помладиот брат, екипата на „Кит Го“ со минимални 0-1. Творец на победата беше Мартин Стојанов со прецизно изведен слободен удар. Со оваа победа, Брегалница остана на делба на лидерската позиција на табелата во ВМФЛ–Исток со 14 бода, исто како и „Тиквеш“ кој ја продолжи серијата без пораз на гостински терен славејки убедливо против „Слога“ во Виница, во натпревар кој го одбележа смешниот пенал досуден за домашната екипа. Домашните фудбалери преку Пановски го отворија резултатот, но и „Тиквеш“ врати од пенал и израмни преку Христов. Во второто полувреме Мишов и Гроздановски стрелаа за конечни 1-3 и задржување на позицијата број еден на табелата заради подобрата гол разлика. До минимална победа стигна и тимот на „Каменица Саса“, која со погодокот на Трајче Ефремов славеше над „Плачковица“ со 1-0. Никола Костадинов и Ангел Кочев донесоа гостинска победа на „Кожув“ во Росоман (1-2) меѓутоа според зборовите на тренерот Глигоров, кој патем речено беше исклучен на оваа средба,судењето било и повеке од тенденциозно. Росоманчани од 10 мин играле со играч помалку. „Кожув“ првиот гол го постигнал од чиста офсајд позиција а потоа не биле досудени два пенали за домашниот тим. „Победа“ и „Осогово“ ги поделија бодовите во Прилеп играјки 1-1. Во следното 7 коло „Тиквеш“ ке ја пречека прилепска „Победа“ а за теренот каде ке се игра оваа средба дополнително ке ве известиме. „Росоман“пак ке му гостува на тимот на „Осогово“ во Кочани.
м.в.