КОМШИСКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ РОСОМАН И ТИКВЕШ ПОБУДУВА ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ДУЕЛ НА НАЈДОБРАТА ПРОТИВ НАЈЛОШАТА ОДБРАНА

Второлигашите утре ке си го одиграат редовното 8 првенствено коло.Сите средби почнуваат во 14.30 часот.Во за нас поинтересната источна група од ВМФЛ најинтересна средба ке биде комшиската пресметка која ке се одигра во Росоман. По подолго време еден првенствен натпревар ке одиграат екипите на „Росоман“ и “Тиквеш“. Кавадаречкиот второлигаш во овој дуел влегува како фаворит и тоа од лидерската позиција на табелата. Ако се гледа статистиката утре може да се очекува натпревар со многу голови иако росоманчани се седми на табелата со само 7 освоени бода. „Тиквеш“ и „Брегалница“ се најефикасни во лигата со по 15 голови а трет по ефикасност е токму тимот на „Росоман“ со 12 голови. Затоа пак „Тиквеш“ ја има најдобрата одбрана која досега прими само 3 гола и тоа сите 3 од пенал додека росоманчани ја имаат најслабата одбрана во лигата која досега прими 18 голови. Сепак бројките се едно а мотивацијата во вакви комшиски пресметки е нешто сосема друго. Мини дерби ке се одигра и во Прилеп каде „Победа“ сакајки да се рехабилитира за поразот од „Тиквеш“ ке ја пречека фаворизираната „Брегалница“. Останатите двојки за ова 8 коло се : „Кит Го“ - „Слога“ , „Саса“ - „Осогово“ и „Плачковица“ - Кожув“.

м.в.

121820068_1238232639875460_6283219758788221977_o (1) 121626235_683878872246894_2099064199646576817_n