Петре Стојанов викендов донираше 10 пара копачки за најмладите од ФК Дреново
Велат остави си пред себе да си најдеш зад себе. Не е ништо ново фирма да доннира опрема за спортски екипи без разлика дали се сениори, младинци или уште помлади. Меѓутоа кога тоа го прави поединец е таквите и напрсти се бројат. Дотолку повеке ако се знае дека донацијата е поврзана со родниот крај, со фудбалскиот клуб од родниот крај и е наменета за младите кои во овие тешки времиња не дозволуваат клубот да згасне. Петре Стојанов е човек со потекло од Дреново активен фудбалер во ФК Дреново и викендов донираше 10 пара копачки за најмладите членови на неговиот клуб ФК Дреново. Големо срце, огромно срце. Воопшто не е битна возраста на Стојанов или неговата финансиска моќ. Битна е само желбата да се види насмевката на лицата на оние кои ја примија донацијата. Е сега се поставува прашањето кога може Петре Стојанов што е со оние многу помоќните од него поединци. Што е со фирмите за кои ваквите донации се зрнце песок во пустината. Угледајте се на Петре Стојанов. Малку е потребно некого даа направите среќен а Стојанов дефинитивно е нашиот викенд херој
М.В.