ГФК ТИКВЕШ - ПЛАЧКОВИЦА 5-1ЛОШО ПРВО - ФУРИОЗНО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ ЗА КАВАДАРЧАНИ

Денеска се одиграа средбите од 10 коло во ВМФЛ група исток со што всушност стартуваше вториот круг од годинашново натпреварување. Лидерот на табелата, екипата на „Тиквеш“ во Росоман го пречека последнопласираниот тим на табелата екипата на „Плачковица“ од Радовиш. Кавадарчани го отворија резултатот во 26 мин преку Гроздановски но во 35 мин Петровски ги изненади сите со прекрасен волеј од околу 20 метри и со евро гол го израмни резултатот. Одиграа лошо полувреме кавадарчани без идеа и желба па заслужено си добија критики од тренерот Цицмиловиќ на паузата кој ги нарече дека „играат како баби“. Трите промени на полувремето вродија со плод веке во 52 мин кога Мојсов донесе водство од 2-1. Пет минути подоцна Наумоски зголеми на 3-1. Во 63 мин Трајковски постигна гол за 4-1 а конечните 5-1 ги постави Мишов со гол во 70 мин. Оваа победа кавадаречките фудбалери му ја посветија на својот градоначалник и со истата му го честитаа имениот ден.

1 Тиквеш 10 8 2 0 27:4 23 26

2 Брегалница Штип 10 8 2 0 26:7 19 26

3 Кожуф 10 4 5 1 13:9 4 17

4 Слога Виница 10 3 4 3 12:16 -4 13

5 Кит-Го Пехчево 10 3 3 4 13:18 -5 12

6 Осогово 10 1 7 2 12:16 -4 10

7 Саса 10 2 2 6 8:16 -8 8

8 Победа 10 2 2 6 10:13 -3 8

9 Росоман 10 2 1 6 14:29 -15 8

10 Плачковица 10 1 3 6 7:14 -7 6

м.в.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/399181834553793

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/3436419616433667

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/1836274869871033