МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото : Ристе Стамаџиев

и rtk.mk

ХЕТ ТРИК НА ХРИСТОВ ЗА ТРИ НОВИ БОДА

Во рамките на последното коло од првиот круг на натпреварите во ВМФЛ група исток, ГФК Тиквеш 1930 како домакин во Росоман забележа сигурна победа. Овој пат со три гола во својата мрежа од Росоман беше испратена екипата на ФК„Каменица Саса“ oд Македонска Каменица.. Кавадарчани на тој начин останаа лидери на табелата во ВМФЛ-исток и ја продолжуваат мртвата трка со „Брегалница“ за врвот на табелата. Во 31 мин Симеон Христов одлично се снајде по корнерот на Мојсов и го отвори резултатот. Веке во 37 истиот играч на асистенција на Трајковски зголеми на 2-0. Во 77 мин врз Христов беше направен пенал а истиот играч го реализираше и со хет трик ги постави конечните 3-0.„Тиквеш“ и по 9 кола остана без примен гол од игра во средба во која „Саса“ во тек на 90 мин игра упати само еден удар кон голот на кавадарчани. Во Штип „Брегалница“ очекувано освои полн плен убедливо совладувајки го „Росоман“ со резултат 6-1 во натпревар во кој домашните по само 10 мин игра имаа 3-0 а на полувреме беше 5-1.„Слога“ во Виница со 2-0 ја совлада „Победа“, „Осогово“ и „Плачковица“ одиграа 1-1 а „Кожув“ со 2-1 го совлада „Кит Го“.

м.в.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/353656615902047

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/3672629916122842

122762337_445399249756682_7075056954503367069_n 122721894_392451295465149_2888226524593365557_n 122677545_396827994825878_3555458219154651139_n (1) 122666674_1560642980790127_9115220682035285370_n (1) 122657920_789296985239425_9080196429526921717_n