МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД РОСОМАН НА RTK.MK

Фудбалските второлигаши продолжуваат со вториот круг од натпреварите. Лидерот на табелата екипата на „Тиквеш“ утре во Росоман ке ја пречека последнопласираната екипа на „Плачковица“ од Радовиш. Кавадаречките фудбалери се фаворити но на оваа средба ке бараат и продолжување на неколку традиции. Прво да ја продолжат победничката серија, да останат на врвот на табелата и да останат единствена екипа која досега сеуште не примила гол од игра. Фудбалерите на „Росоман“ во ова коло гостуваат во Виница. Кај Росоманчани загрижува особено одбраната бидејки досега екипата има примено најмногу голови во лигата. Затоа тренерот Глигоров се одлучи да ги искористи џокерите па за средбата со „Слога„ ке биде и засилен со два нови фудбалери кои доаѓаат од екипата на „Питу Гули“. Станува збор за еден штопер и еден полушпиц. Во останатите средби „Осогово“ го пречекува „Кожув“ , „Кит-Го“ игра со „Победа“ а „Брегалница“ во Штип не би требало да има тешка задача со екипата на „Саса“.

1 „Тиквеш“ 9 7 2 0 22:3 19 23

2 „Брегалница“ Штип 9 7 2 0 23:7 16 23

3 „Кожуф“ 9 4 4 1 13:9 4 16

4 „Слога“ Виница 9 3 3 3 11:15 -4 12

5 „Кит-Го“ Пехчево 9 2 3 4 12:18 -6 9

6 „Осогово“ 9 1 6 2 12:16 -4 9

7 „Саса“ 9 2 2 5 8:13 -5 8

8 „Победа“ 9 2 2 5 10:12 -2 8

9 „Росоман“ 9 2 1 6 13:28 -15 7

10 „Плачковица“ 9 1 3 5 6:9 -3 6

м.в.

фото; р.с.

122702096_685066692216047_7096202601595548337_o

122659375_685066702216046_644424192334260124_o 122727414_685067302215986_9162148275856420294_o