Вардар од Неготино беше на прагот од големо изненадување но сепак загуби од Струга со 1-2
Вчера се одиграа средбите од шеснаестина финалето на фудбалскиот куп на Македонија. Екипата на ГФК Тиквеш му гостуваше на Кожув во Гевгелија. Кавадарчани славеа со 0-2 со двата гола на Барга Нгоба и си обезбедија место во следната рунда. Екипата на Вардар во Неготино беше на прагот да приреди големо изненадување. Имаа неготинчани 1-1 на свој терен против екипата на Струга ТЛ но не издржаа во финишот кога прволигашот постигна гол за победа од 1-2. Фудбалерите на Шкупи нагости ја надиграа Беласица со 1-3. Шкендија не се испоти за да го елиминира Караорман со 0-3. Победа го декласираше својот ривал екипата на Карбинци со 0-6. Сигурен меч одигра Академија Пандев која беше убедлива против Тетекс со 0-6. Вардар ја надигра Саса со 0-3, а проблеми немаше ни Брегалница Штип на гостувањето кај Слога во Виница каде славеше со 0-3. Пелистер на гостински терен со погодокот на Наумоски во завршницата славеше над Гостивар со 0-1, со што му се реваншираше за поразот во првенството пред 4 дена. Работнички беше убедлив на гостувањето кај Коњаре со 0-5, а третолигашот Фортуна од Скопје го изненади и го исфрли велешки Борец со 5-3. Љуботен,Скопје и Воска службено се пласираа во осминафиналето бидејки нивните противници се откажаа од натпреварувањето. Во првото коло од Купот слободни беа и финалистите од минатата сезона Македонија ЃП и Силекс.
М.В.