СЛОГА - РОСОМАН 1-1РОСОМАНЧАНИ ГИ ДЕЛЕА НЕКОЛКУ МИНУТИ ДО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Фудбалерите на Росоман можеа непријатно да го изненанадат тимот на „Слога“ и тоа среде Виница. Росоманчани водеа со 0-1 до самиот финиш на натпреварот со голот на „новајлијата“ Сркески. Во 90 мин при една нафрлена топка фудбалер на „Слога“ биеше со глава а топката погоди еден фудбалер од „Росоман“ кој беше пред него и беше свртен со грб во раката. Судијата досуди пенал кој домашните го реализираа и не им дозволија на росоманчани да си заминат со полн плен иако гостите беа многу поквалитетен противник.
м.в.
позајмено видео од ГОЛ.МК