КАВАДАРЧАНИ КЕ САКААТ ДА СЕ РЕХАБИЛИТИРААТ ЗА КИКСОТ ВО РОСОМАН А БРЕГАЛНИЦА ДОМА ИГРА ТОКМУ СО РОСОМАНЧАНИ
Фудбалските второлигаши од групата исток утре ке го одиграат редовното 23 коло. Во Кавадарци ке гостува екипата на Осогово а кавадарчани по киксот со Росоман во минатото коло сега ке сакаат да се рехабилитираат на својот терен и ке атакуваат на сите три бода. Брегалница во Штип ке ги нагости Росоманчани додека мини дерби во Пехчево ке одиграат Кит Го и Кожув. Саса заради домашниот терен е фаворит во дуелот со Победа додека Слога во Виница ја пречекува Плачковица. Средбата ГФК Тиквеш - Осогово се игра утре, сабота со почеток во 13 часот и се разбира со директен пренос на РТК.МК .
М.В.