ВО ОВАА 2020 КЕ СЕ ОДИГРА УШТЕ САМО ЕДНО КОЛО
И официјално на едно коло до крајот од овој дел од првенството за оваа 2020 год. штипска „Брегалница“ се промовираше во есенски првак во ВМФЛ - Исток, откако славеше во „братската“ пресметка над „Кит-Го“ од Пехчево со 2:0. Штипјани до победата дојдоа со двата гола на Додев уште во првото полувреме. „Тиквеш“ забележа рутинска победа на домашен терен против тимот на „Слога“ од Виница со 4:2. Симе Христов, Александар Мишов, Ѓорѓи Мојсов и Бобан Здравевски беа стрелци за домакинот а за гостите стрелци беа Антонио Бујчевски и Тоше Темелков. „Осогово“ во Кочани беше подобар од прилепска „Победа“ со 2:0. „Росоман“ не издржа во Гевгелија иако водеше со 0:2 во финишот примија 2 гола па на крај „Кожув“ славеше со 3:2.Единствениот дуел без победник го одиграа „Плачковица“ и „Саса“ а средбата заврши 1:1. Според предвиденото во последното коло за оваа 2020 „Тиквеш“ ке гостува во Прилеп на „Победа“, „Росоман“ ке игра дома со „Осогово“ а штипјани и гостуваат на „Слога“ во Виница.
м.в.