ВТОРА ПОБЕДА ЗА РОСОМАНЧАНИ ВО КОНТРОЛНИТЕ СРЕДБИ СО ТРЕТОЛИГАШКИ ЕКИПИ
Екипата на „Росоман“ ке има тешка задача оваа пролет да се избори за опстанок во второлигашкото друштво. Екипата ја напушти тренерот Глигоров а во паузата и десетина фудбалери си заминаа од Росоман и тоа пред се во екипите на „Тиквеш“, „Вардар“ Неготино но и во странство. Сепак росоманчани и не помислуваат да се предадат. Составен е речиси целосно нов тим кој во подготвителниот период покажува забележителни резултати. Вчера росоманчани одиграа пријателски натпревар со екипата на „Локомотива“ од Градско, екипа која е есенски шампион во третата лига - југ.„Росоман“ забележа минимална победа со резултат 1-0 а стрелец на голот беше Јованов во 67 мин. Да споменеме дека во првата контролка росоманчани совладаа уште едена високо пласирана екипа во третатат лига југ, екипата на „Ново Црнилиште“ со 4:3.
м.в.