МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Беласица или Слога односно Воска или Вардар - само две екипи ке играат бараж за повисок ранг

Кај фудбалските второлигаши последното коло ке ги разрешува сите дилеми. На истокот во претпоследното 26 коло, Победа во Прилеп со 2-0 го совлада Пехчево и без раазлика на резултатите во последното коло си ја обезбеди шампионската титула и повратокот во првата лига. Сите други дилеми остануваат. Беласица во дербито со 1-0 ја совлада Слога и го превзеде второто место на табелата кое води во бараж. Во последното коло струмичани му гостуваат на Кожув а Слога дома игра со Победа. Во дербито на дното Локомотива во Градско одигра 2-2 со Братство а двете екипи следната сезона ке играат во третата лига. Саса загуби дома со 0-1 од Кожув а Осогово одигра само 1-1 со Детонит. Последното коло ке го даде и третиот патник во понизок ранг а во подредена позија е Осогово кое заостанува 2 бода зад Пехчево и 3 зад Детонит. Во последното коло Пехчево е домакин на Локомотива а Детонит на Саса додека Осогово му гостува на Братство.На западот Вардар со 1-0 го победи Силекс а Воска со 3-0 ја совлада Беса. Последното коло ке даде одговор која екипа ке игра бараж за прва лига бидејки Воска ја задржа предноста од 3 бода пред Вардар па во последното коло не смеат да загубат кај Силекс бидејки Вардар е подобар во меѓусебниот скор и ке му гостува на Кораби кој се бори за опстанок. Тетекс одигра 3-3 со Кораби, Кадино со Велешта 1-1 а Гостивар одигра 0-0 со Охрид. Покрај екипата што ке игра бараж последното коло ке го даде и третиот патник во понизок ранг. Кораби е во незавидна позиција бидејки ке го пречека Вардар а Охрид дома ке игра со Тетекс. Велешта ке го нагости Гостивар а Беса Кадино.

М.В.