МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СПОРЕД ПРЕДВИДЕНОТО И НАЈАВЕНОТО ДЕНЕСКА ЕКИПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО ТРЕБА ДА ОДИГРА КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Фудбалерите на „Росоман полека почнаа да ги консолидираат своите редови и да го оформуваат играчкиот ростер за во продолжение од сезоната. По двете победи на контролните средби росоманчани се одлучија и да ангажираат засилувања на позициите на кои стручниот штаб сметаше дека се дефицитарни. Во клубот дојдоа Дарко Божиновски од „Вардар“ Неготино, фудбалер од нападот кој има настапувано и за екипите на „Питу Гули“ и „Пелистер“. Второ засилување е крилото Бобан Тасевски кој доаѓа од „Плачковица“ а ја има поминато школата на „Академија Пандев“. Да напоменеме дека според најавите денес ке се одигра и контролен натпревар во кој во Неготино „Вардар“ би требало да го пречека тимот на „Победа“. Неготинчани доссега по две контролки иммаат еден нерешен исход и еден пораз а екипата формата ке ја темпира за стартот на третата лига југ во обидот да стигнат до самиот врв во тоа натпреварување.

м.в.