МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИКВЕШ СО ПОБЕДА ГО СЕФТОСА НОВИОТ ТЕРЕН НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО КАВАДАРЦИ На отварањето на пролетниот дел од првенството во ВМФЛ на реновираниот терен во Кавадарци кај екипата на „Тиквеш“ гостуваа комшиите од „Росоман“. Домакинот ја оправда улогата на фаворит и очекувано славеше со 3:0 (1:0). „Тиквеш“ го отвори резултатот во 16 мин по слободниот удар на Благоја Љамчевски кој упати остра топка во шеснаесетникот. Никој не ја допре истата и го изненади и гостинскиот голман па отседна во неговата мрежа. Кавадарчани ја контролираа играта а росоманчани беа ориентирани на одбраната. Во 82 мин одлична акција на Петар Љамчевски и Спахиу кој зголеми на 2:0.Во 85 мин домашните фудбалери ја погодија пречката а одбиената топка Спахију ја смести во противничката мрежа за конечни 3:0

м.в.

1..https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/718740142342143

2...https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/796112001006510