МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВОЗАРЧАНИ САКААТ ЕКСПРЕСНО ДА ВЛЕЗАТ ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ

Второлигашите и третолигашите викендов ја стартуваа фудбалската пролет додека допрва тоа треба да го сторат четвртолигашите. Засега се играат само контролни натпревари со цел да се воиграат составите. Веке најавивме дека новиот четвртолигаш „Возарци ДМД“ амбициозно ке стартува во општинската лига и најавува претензии за пласман во третата лига. Екипата е спој на искуство и младост и реално има шанси за високи дострели. Во првиот контролен натпревар возарчани загубија од третолигашот „Марена“ со 5:3. Изминатиов викенд во Возарци се одигра уште еден контролен натпревар а овој пат гостуваше екипата на „Дреново“.Победа со резултат 2:0 забележа екипата на „Возарци ДМД“ со головите на Ристе Манев во 70 и Мите Илов во 87 мин. Возарчани најавуваат атак за највисок пласман а со тоа и експресен влез во третата лига југ. Според најавите можно е екипата на „Возарци ДМД“ и утре да одигра контролна средба овој пат со екипата на третолигашот „Превалец“.

М.В.

155577050_3713521638732573_7137796829045293106_n 155777676_710490462958881_7212007468715688494_n