МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани одиграа квалитетно но за жал без реализација

Фудбалските прволигаши го одиграат 16-тото редовно коло. Беа постигнати следниве резултати: Скопје - Шкупи 1-3, А.Пандев - Брегалница 0-0, Борец - Македонија ЃП 1-1, Работнички - Ренова 0-0 и Шкендија - Пелистер 2-1. Фудбалерите на ГФК Тиквеш имаа тешко гостување кај Струга ТЉ од кое успеаја да се вратат непоразени. Двете екипи го поделија пленот и одиграа без голови 0-0 иако и стружани и кавадарчани имаат за што да жалат, бидејќи имаа по неколку идеални можности но за жал без реализација.Второлигашите го одиграа 13 коло. На истокот Локомотива во Градско го пречека Осогово и одигра 1-1 иако тимот од Градско водеше по првото полувреме. Дербито се одигра во Прилеп каде Победа успеа да загуби од Слога од Виница со 1-2. Во останатите средби КитГо - Братство 2-1, Беласица-Кожув 1-1 и Детонит - Саса 1-3. Во западната конференција дербито без голови го одиграа Воска и Силекс а во останатите средби Вардар - Велешта 4-0, Кораби - Беса 0-3, Гостивар - Кадино 1-0 и Тетекс - Охрид 1-1.Второлигашите веке утре ке го одиграат вонредното 14 коло а паровите се - на истокот Братство-Локомотива, Осогово-Победа,Слога-Детонит,Саса-Беласица и Кожув-Кит Го, а на западот Силекс-Тетекс, Охрид-Гостивар, Кадино-Кораби, Велешта-Воска и Беса-Вардар.

М.В.