МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКОМОТИВА ГО ПРЕЧЕКУВА ПИТУ ГУЛИ, ВАРДАР ВО НЕГОТИНО ИГРА СО МЛАДОСТ УДОВО А МАРЕНА Е СЛОБОДНО

Фудбалските третолигаши, оние од групата југ во недела ке ги одиграат средбите од редовното 21 коло. Лидерот на табелата, екипата на Локомотива од Градско не би требало да има поголеми проблеми на домашен терен со екипата на Питу Гули. Второпласираниот тим на Ново Црнилиште е фаворит на гостувањето во Крушево но Младост во минатото коло се покажа како цврст орев и му украде бод на тимот на Братство. Братство во ова коло го пречекува аутсајдерот Динамо.Вардар во Неготино е апсолутен фаворит во дуелот со Младост од Удово додека Превалец ке има тешко гостување во Коњари.Дербито ке го одиграат Обршани и Дојранско Езеро а Напредок од Крушеани ке патува во Башино Село кај екипата на Илинден. Слободна во ова коло е екипата на Марена.

М.В.