МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

СРЕДБАТА КЕ СЕ ОДИГРА НА 25 МАЈ ВО СКОПЈЕ

Во жрепката за бараж дуелите за опстанок односно пласман во првата МФЛ фудбалерите на Тиквеш повторно го добија Силекс а Ренова ке игра против Охрид. Средбите ке се играат на 25 мај и тоа во Скопје на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ ке играат Ренова и Охрид а на Националната Арена „Тодор Проески“ по две години повторно силите ке ги одмерат ГФК Тиквеш и Силекс.

Двете средби ке почнат во 16 часот, а доколку средбите не се решат по регуларните 90 минути, ќе решаваат пеналите и нема да има продолженија.

За следната сезона во Првата лига, Брегалница и Скопје се прволигаши како првопласираните од двете втори лиги, а сезонава од првата лига директно испаднаа Вардар и Беласица.

М.В