МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Познати се сите носители на екипни и поединечни награди и признанија

Изминатиов викенд во организација на ГФК Неготино се одржа шестиот меѓународен меморијален турнир во фудбал за млади категории "ЗОРАН НЕДЕВ-ФЕЛЕР КУП" 2022. Годинава учествуваа 36 генерации од тринаесетинна екипи од Македонија и Србија со 500 дечиња. Станува збор за млади генерации од 2009 до 2014. Еве ги и екипните и индивидуални постигнувања по генерации.- Генерација 2009 - 1. Академија Постолов, 2. ГФК Тиквеш, 3. ГФК Неготино, 4. Борец Јуниор, играч - Јоаким Георгиев (А.Постолов), стрелец - Петар Смилков (Неготино), голман - Борис Трајковски (Тиквеш), тренер - Борче Постолов (А.Постолов)- Генерација 2010 - 1. СТ Тим, 2. ЛГ Битола, 3. Фудбал Старс, 4. Тиквеш, играч - Петар Анастасовски (ЛГ Битола), стрелец - Филип Јанкуловски (ЛГ Битола), голман - Никола Јоксиќ (СТ Тим), тренер - Зоран Лукиќ (СТ Тим)- Генерација 2011 - 1. Милано, 2. Фудбал Старс, 3. Неготино, 4. Тиквеш, играч - Љорик Даипи (Милано), стрелец - Хајрулаи Ендрит (Милано), голман - Филип Митев (Фудбал Старс), тренер - Исмет Зекири (Милано)- Генерација 2012 - 1. ЛГ Битола, 2. СТ Тим, 3. Кожув, 4. Неготино, играч - Михаил Мандевски (ЛГ Битола), стрелец - Филип Лазаров (Кожув), голман - Дамјан Јакшиќ (СТ Тим), тренер - Меннде Грозданов (ЛГ Битола)Екипата на ГФК Тиквеш отпадна во средбите по групи.- Генерација 2013 - 1. СТ Тим, 2. Тиквеш, 3. Фудбал Старс, 4. Неготино, играч - Николина Лечиќ (ст тИМ), стрелец - Јован Антиќ (СТ Тим), голман - Марин Кузманов (Тиквеш) тренер - Бошко Миловановиќ (СТ Тим)- Генерација 2014 - 1. Брегалница, 2. СТ Тим, 3. Фудбал Старс, 4. Тони Прилеп, играч - Марко Димитров (Брегалница), стрелец - Андреј Мишев (Брегалница), голман - Вук Јовановиќ (СТ Тим), тренер - Јордан Смилевски (Брегалница). Екипите на ГФК Тиквеш и ГФК Неготино отпаднааа во средбите по групи.

viber_image_2022-08-31_10-34-07-999 viber_image_2022-08-31_10-34-09-090

Мики Виденовиќ