Во пресрет на утрешниот бараж со Силекс ги посетивме кавадаречките фудбалери и стручни лица на последниот тренинг пред утрешната средба и разговаравме за очекувањата од напреварот кој се игра во вторник во 16:00 на Арената “Тодор Проекски“.
Во обраќањето на градоначалникот М-р Митко Јанчев во кое тој го поддржува клубот , се вели: “ГФК Тиквеш е подготвен за големиот бараж во вторник со ФК Силекс за влез во прва лига. Само напред момци„.
Екипа на РТК денеска беше на последниот тренинг на Градски , пред утрешниот бараж со Силекс и разговрааше со неколкумина членови на големото семејство на ГФК Тиквеш 1930.
На Градскиот плоштад се подготвува големо славје, ако Тиквеш избори пласман во Прва македонска фудбалска лига.