Продолжува кавадаречката прволигашка мизерија.
Кавадаречките фудбалери на своите навивачи им приредија уште едно непријатно изненадување бидејки и во петтото коло не успеаја да ја прокнижат првата прволигашка победа. Во првите 10 мин од дуелот со Струга, Тиквеш доминираше а кавадаречките фудбалери беа желни да одиграат квалитетно. Во 10 мин по нафрлањето на Мирковиќ; Христов ја уфрли топката во мрежата на Струга за голема радост на трибините. Меѓутоа од тој момент се случи нешто несфатливо на кое никој неможеше да даде одговор. Тиквеш застана, се повлече, го чуваше минималното водство. Сите се обидуваа да сватат зошто, бидејки навистина е несфатливо да играш на свој терен пред своја публика и да се браниш. Казната за кукавичката игра стигна во 80 мин а израмни Скендери. Во последните минути од средбата Спахиу и Мишов на двапати имаа идеални можности да постигнат гол за победа но изостана реализацијата. Следува пауза во првенството заради репрезентативни обврски која мора да се искористи да се стабилизира тимот бидејки доколку се сака опстанок во елитата сите пропусти отсега се сведени на минимум. Наредното 6 коло на програмата е на 12 септември кога во Кавадарци ке гостува Ренова. Веднаш потоа на 15 септември го играме куп натпреварот со Новаци на гости.
м.в.