ШЕСТ ЕКИПИ ВО БОРБА ЗА МЕСТО КОЕ ВОДИ ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ
Викендов стартуваше Општинската фудбалска лига Кавадарци. Годинава учество во истата ке земат само 6 екипи кои ке се борат за место кое следната сезона ке носи настап во третата лига југ.
-Во првото коло Сопот беше убедлив нагости во Дреново, додека Ваташа одигра интересен натпревар со екипата на Сирково во кој славеше со 3:2. Некако најамбициозно во ова натпреварување стартуваше екипата на Возарци ДМД која направи тим која е спој на искуство и младост, обезбедија и спонзори и најавија атак за највисок пласман. Возарчани во првото коло гостуваа во Глишиќ и славеа со минимални 1:2 со головите на Мите Илов и Сашко Марков.
М.В.