Саса, Победа и Слога засега со сто процентен ефект на истокот

Фудбалските второлигаши ги одиграа средбите од второто коло во двете конкуренции. Во источната конференција екипата на Локомотива доживеа уште еден минимален пораз со 1-0 на тешкото гостување кај Саса. Екипата од Градско одигра квалитетен натпревар но среката беше на страната на тимот од Каменица. Во останатите средби Кит Го го декласираше Детонит со 4-1 , Братство и Беласица одиграа 1-1, Кожув загуби од прилепска Победа на домашен терен со 0-2 а Слога минимално со 1-0 го совлада Осогово.Во западната конференција во центарот на вниманието беше дуелот на поранешните прволигаши Силекс и скопски Вардар.Средбата се одигра во Кратово а победа славеше домаќинот со 2-1. Воска како фаворит го совлада Кораби со 3-1, Велешта одигра 2-2 со Гостивар, Беса со 2-0 го совлада Лабуништа а Охрид загуби со 2-1 на гостувањето кај Кадино.

М.В.

240824210_259924249309772_2900772917906033415_n