МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Единствена дилема е кои екипи ке играат во фудбалска Европа

Во недела фудбалските прволигаши ке го одиграат предпоследното 32 коло. Единствена непознаница се екипите кои ке играат во Европа. На втората позиција со 61 бод е Академија Пандев која во ова коло го пречекува незгодниот Работнички. На третата позиција со 59 бодови е Шкендија која во ова коло го пречекува новиот шампион Шкупи. Најлесна задача би требало да има Македонија ЃП која е четврта со 57 бодови и го пречекува тимот на Струга ТЛ.

Новите второлигаши Пелистер и Борец играат меѓу себе, Ренова го пречекува Скопје а Тиквеш патува во Штип кај Брегалница. Тренерот Костов повторно ке има проблем со составот бидејки повторно ке има многу повредени фудбалери.

М.В.