МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поедини медиуми ја објавија веста дека еден од најдобрите тренери во земјава ке седне на жешката клупа во Кавадарци

По лошите резултати на ГФК Тиквеш кој по 17 години се врати во фудбалската елита а по стартните шест кола од новата сезоната од можните 18 освои само два бода главна тема во кавадаречките спортски кругови веке неколку недели е до кога Пане Блажевски ке ги води кавадарчани. Утринава поедини медиуми излегоа со информација дека престојот на Блажевски во Кавадарци завршил и на негово место доаѓа еден од најквалитетните македонски тренери Влатко Костов. Доколку се биде како што се најавува и ако се реализира трансферот штипјанецот Костов своето деби на клупата на Тиквеш ке го има веке во недела во неговиот Штип каде Тиквеш ке и гостува на Брегалница. Костов во својата кариера ја водеше Брегалница, Работички, Хоризонт, а со Ренова го освои и првенството и Купот. Работеше и во странство и со националните селекции

М.В.