Велешани први поведоа но Тиквеш со пресврт освои важни 3 бода во борбата за опстанок

13 коло во ПМФЛ. Тиквеш во Кавадарци го пречека Борец во натпревар од исклучителна важост за двете екипи во борбата за опстанок. Домаќинот средбата ја почна со офанзивна формација со Нгоба,Христов, Спахиу и Ивановски во нападот. Со ваква формација сите очекуваа Тиквеш да притисне од првиот свиреж но кавадарчании играа мудро,трпеливо и чекаа грешка на противникот. Но наместо тоа згреши домашната одбрана. Една брза транзиција во гол ја претвори Љума. Тиквеш брзо се врати но судиите голот на Каракамишев го поништоја заради наводен офсајд. Во 41 мин во 16-тникот на борец беше соборен Христов па судијата покажа на белата точка, а Ивановски израмни на 1-1. На стартот на вториот дел во 47 мин Христов ја фати на спиење гостинската одбрана и донесе водство за кавадарчани.. .

Борец јалово се обидуваше да се врати но немаше сили за тоа.Тиквеш прокнижи три бода и сега со десет го надмина Борец кој остана претпоследен на табелата со осум.

М.В.

253215153_272870931446026_2186112308940972969_n