МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Благоја Љамчевски и официјално го напушти кавадаречкиот прволигаш и се пресели во второлигашот Пелистер

ГФК Тиквеш започна да го пополнува играчкиот ростер за следната прволигашка сезона. Потврдено е продолжување на соработката со петмина фудбалери кои и минатата година го носеа дресот на кавадаречкиот прволигаш. Најдобриот стрелец на тимот од минатата сезона, камерунецот Анаел Барга Нгоба останува во клубот уште една сезона. Соработката со клубот ја продолжи и еден од столбовите на одбраната Стефан Наумчевски. ГФК Тиквеш ја продолжи соработката и со капитенот Александар Вареловски, потоа Андреј Лазаров како и со искусните Стојан Димовски и Драган Стојков. Ако на овие фудбалери го додадеме и Николај Христов кој исто така вети продолжување на соработката добиваме бројка од 7 фудбалери околу кои тренерот Влатко Костов ке го гради тимот кој следната сезона ке се соочи со прволигашките предизвици. Засега официјално во тимот ке го нема Благоја Љамчевски кој се пресели во второлигашот Пелистер.

viber_image_2022-06-11_09-02-29-939

М.В.