МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Среде Палермо Македонија ја победи Италија со 0-1 и закажа мундијалски дуел со Португалија

Мираколо – среде Палермо , европскиот првак, големата Италија потклекна пред македонската фаланга пред македонските рисови и втор пат во серија остана без Светското првенство. Ренцо Барбера во Палермо важеше за неосвоива италијанска тврдина н токму таму македончето ги удри италијанците со нивен камен. 92 мин Македонија се бранеше и одигра перфектно катанаџо по стариот италијански „рецепт“. Италијанците доминираа и упатија 33 удари кон голот на Столе Димитриевски а македонските рисови само 4 пати шутнаа кон голот на Донарума. И тогаш во 92 мин едно големо БУМ. Бидејки Палермо се наоѓа на Сицилија сите помислија дека се случи ерупција на вулканот Етна. Но ерупцијата се случи на делот од трибините на „Ренцо Барбера“ каде беа македонските навивачи. Ерупција се случи и насекаде во Македонија бидејки Александар Трајковски постигна гол за историја, гол кој ја носи Македонија на дуел со Кристијано Роналдо и неговата Португалија за пласман на Светското првенство во Катар.А токму тој Александар Трајковски од 2015 до 2019 година, беше херој токму на Палермо и фудбалскиот тим од овој град. Четири години Трајковски ги радуваше навивачите на Палермо со своите настапи на „Ренцо Барбера“ и низ цела Италија но синоќа го расплака Палермо ја расплака цела Италија и ја израдува цела Македонија.

Испишана е нова страница во фудбалската историја на Македонија но се надевам дека нема да се задоволиме со тоа бидејки веке во вторник во Порто ке играме со уште еден фудбалски Голијат селекцијата на Португалија. Фудбалскиот Давид селекцијата на Македонија во Порто ке биде засилена бидејки во тимот се враќа нашиот дијамант Елиф Елмаз па сега нека му ја мислат Роналдо и пријателите.

М.B.

277171323_5308715199141371_1241755984864229650_n