Судиската комисија при ФФМ потврди дека Тиквеш е оштетен на средбата со Шкупи
Утре ке се одигра вонредно 26 коло во ПМФЛ. Двојките се Брегалница – Работнички, Ренова – Македонија ЃП, Пелистер – Шкендија, Борец – Академија Пандев и Скопје – Шкупи. Токму средбата Скопје – Шкупи ке биде под будно око на македонската фудбалска јавност бидејки веке почнаа да кружат шпекулациите како лидерот Шкупи кој има солидна предност во однос на конкуретите ку му подари некој бод на Скопје во обидот да го спасат од испаѓање односно играње бараж. Екипата на ГФК Тиквеш утре на градскиот стадион во Кавадарци го пречекува тимот на Струга ТЛ. Тренерот Влатко Костов по натпреварот со Шкупи ја понуди својата оставка која очекувано експресно беше одбиена а сите во фудбалско Кавадарци почнувајќи од градоначалникот Јанчев, преку управниот одбор на клубот, навивачката група Лозари и сите останати релевантни фактори застанаа зад Костов и му дадоа безрезервна подршка. Затоа утре од 15 часот без разлика на временските услови пожелно е сите да бидат присутни на градскиот стадион и со своето присуство и навивање да ја потврдат подршката за Костов и фудбалерите а тие се надевам ке вратат со нова победа Да споменеме само дека судиската комисија при ФФМ во својата анализа на средбите од 25 коло ја призна и ја потврди грешката на главниот судија на средбата Шкупи – Тиквеш. Погрешна проценка на судијата (не е досуден удар од 11 метра). Играч на Шкупи во свој шеснаесетник со интензитет го соборува (влече) играчот на Тиквеш, спречувајки го да игра со топка. Судијата во оваа ситуација мора да досуди удар од 11 метри и да додели дисциплинска мерка жолт картон – се вели во судиската анализа. Но ГФК Тиквеш од ова признание нема ама баш никаква корист ниту од евентуалната казна и суспензија на судиите. Кавадарчани ја загубија средбата и бодовите и тоа никој не може да го врати. Само ке речеме – да не се повтори.
M.В.
M.В.