МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоман го совлада Возарци во натпревар со 10 голови а Марена водеше се до 80 мин и загуби од Големо Коњари

Фудбалските третолигаши од групата југ вчера го одиграа вонредното 11 коло. Лидерот на табелата екипата на Вардар од Неготиносо ги оправда амбициите со гостинската победа од 0-3 кај Слога во Лажани. Превалец ја задрќа втората позиција откако со 1-5 го декласираше Динамо во Прилеп. И Росоман ги задржа шансите за висок пласман откако и тие славеа нагости кај Возарци ДМД во средба со многу голови. Росоман славеше со 3-7. Нагости кај Бучин славеше и Питу Гули со 1-3. Големо Коњари со пресврт го доби Марена со 2-1. Марена водеше се до 80 мин кога домакинот за 3 мин го сврте резултатот во своја корист. И екипата на Ново Црнилиште продолжи да напредува на табелата откако со 4-0 го совлада тимот на Младост. М. В.

viber_image_2022-04-14_08-33-39-77866677666