МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со победа кавадарчани ке се зацврстат на средината на табелата во пресрет на куп пресметката со Силекс

По паузата заради репрезентативни обврски овој викенд фудбалот се враќа со средбите од 9 коло кај прволигашите и 6 кај второлигашите.

Прволигашите своите средби ке ги одиграат во недела. Дербито ке го одиграат Шкупи и Силекс, Работнички ке гостува во Штип кај Брегалница, Победа ја пречекува Шкендија а Македонија ЃП ке го нагости лидерот Струга ТЛ. Екипата на ГФК Тиквеш на градскиот стадион во Кавадарци ке игра со Скопје. Барем на хартија заради домашниот терен фаворити се кавадарчани но Скопје иако досега има освоено само 4 бода не е тим кој смее да се потцени. Во ова коло слободен е тимот на Академија Пандев. Сите средби се играт во недела со почеток од 15 ч.

М.В.