МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фудбалерите на кавадаречкиот третолигаш продолжуваат со победите во Третата фудбалска лига

Иако крајниот резултат од 6-2 делува и повеќе од убедливо, сепак фудбалерите на Тиквеш 2014 и покрај високиот триумф над тимот на Партизан од Обршани не пропуштија да ги тестираат нервите на кавадаречката публика која 85 минути стравуваше за втората победа на кавадаречкиот тим во третолигашкото друштво.Симеонов беше во центарот на вниманието во првите 15 минути од натпреварот во кои постигна два гола, првиот од добро воигранаакција и вториот од оправдано досуден пенал. Брзото и високо водство беше причина дел од кавадаречките фудбалери предвреме да се опуштат, но за среќа на висина на својата задача беа дефанзивците чија одлична синхронизираност при поставувањето на офсајд замките прекина опасни контранапади на фудбалерите на Партизан од Обршани. Почетокот на второто полувреме во многу што наликуваше на воведот од натпреварот, но овој пат гостите беа тие кои од игра и од пенал за 15 минути успеаа да погодат на два пати и да го донесат резултатот во егал. Резултатската неизвесност траеше уште 15 минути кога Вареловски со шут од далечина го изненади противничкиот голман за ново водство на Тиквеш 2014, за во последните 5 минути победата да ја потврдат Илов од слободен удар, Кузманов и Темелков. Во следното коло тимот на Тиквеш 2014 му гостува на Борец, кој во третото коло беше поразен од екипата на Младост