Наводно Каракамишев и Делов не се во план а воедно им истекуваат и договорните обврски со клубот
ГФК Тиквеш полека но сигурно го гради ростерот за следната сезона. Веке објавивме дека клубот ја продолжи соработката со 7 фудбалери од минатосезонскиот состав а се преговара и со останатите кои беа во составот на кавадаречкиот прволигаш. Официјално еднствено Љамчевски си замина од клубот а деновиве во медиумите осамна информација дека Тиквеш ке го враќа Александар Ѓурковски. Доосегашниот дефанзивец на Шкупи, ке се врати во Кавадарци, каде што веќе одработи една полусезона, и каде што беа задоволни од неговите игри. Откако шампионот одлучи дека Ѓурковски може да замине, Тиквеш прв реагирал да го донесе дефанзивецот за следната сезона. Ѓурковски се очекува да биде една од движечките дефанзивни сили во новиот тим на тренерот Влатко Костов, во кој наводно нема да бидат ниту Ристе Каракамишев и Методија Делов,на кои им завршуваат договорите. Според ова Костов акцент на реновирањето на тимот ке стави пред се на одбраната која мината сезона знаеше да попушти буквално во последните мигови од натпреварите.
М.В.