Прв пораз за кавадарчани во подготвителниот период
Во саботата на стадионот "Петар Милошоски" во Битола,екипата на ГФК Тиквеш го одигра третиот контролен натпревар против второлигашот, екипата на ФК Пелистер. Во еден фер и коректен натпревар од двете страни на крај битолчани славеа победа од 3-2.. Стрелци на головите за кавадаречкиот прволигаш беа Стефан Костов и Иван Ивановски. На овој натпревар како и на претходните два шефот на стручниот штаб Влатко Костов му даде шанса на сите фудбалери со кои располага во моментот.Следниот контролен натпревар кој воедно ке биде и последен пред стартот на новата сезона ќе биде против екипата на Работнички на Градскиот стадион во Кавадарци во среда на 27 јули со почеток во 17.30 ч.
М.В.