МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата на ГФК Тиквеш на градскиот стадион во Кавадарци од 16 часот ја пречекува Шкендија

Утре со почеток од 16 часот фудбалските прволигаши ке ги одиграат средбите од вонредното 5 коло. Во Струмица Адемија Панев е фаворит во дуелот со Скопје исто како и Шкупи кој ке го нагости тимот на Победа. Во скопската пресметка Македонија ЃП го пречекува Работнички додека лидерот Струга ТЛ го пречекува Силекс. Слободна во ова коло ќе биде екипата на Брегалница Штип. Утре на градскиот стадион во Кавадарци пред полни трибини екипата на ГФК Тиквеш го пречекува тимот на Шкендија екипа која претендира за највисок пласман. Кавадарчани во минатото коло загубија на готувањето кај Работнички а загуби и Шкендија но на домашен терен од лидерот Струга. Двете екипи посакуваат рехабилитација и победа во овој дуел. ГФК Тиквеш има пеколен распоред бидејки по утрешниот дуел со Шкендија во недела му гостуваат на Силекс па следната среда го играат заостанатиот натпревар од првото коло дома со Шкупи за да во недела на 11 септември повторно дома се сретнат со Академија Пандев.

viber_image_2022-08-29_14-02-45-012 viber_image_2022-08-30_12-22-04-754 viber_image_2022-08-30_12-22-16-314

М.В.