КАВАДАРЧАНИ МАЛКУ СЕ ПОМАЧИЈА НО СЕПАК ДОЈДОА ДО ТРИ БОДА НА ГОСТУВАЊЕТО ВО КАМЕНИЦА
Во рамките на 18 коло од втората МФЛ фудбалерите на ГФК „Тиквеш“ имаа тешко гостување во Каменица кај екипата на „Саса“. Едис Спахиу ја продолжи голгетерската форма и во 16 мин го отвори резултатот во корист на кавадарчани. Домакинот израмни од пенал кој го реализираше Гоцевски а овој резултат стоеше и на крајот на првото полувремер. Во вториот дел Здравевски во 63 мин постигна гол кој на „Тиквеш“ му донесе три важни бода.Да споменеме дека штипска „Брегалница“ очекувано немаше тешка задача на гостувањето во Росоман и средбата ја доби со 1:5 откако по првите 45 мин гостите водеа со 0:3.
м.в.