МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во третата лига југ Вардар, Росоман и Локомотива гостуваат а Марена ке брка први бодови против Бучин

Заради репрезентативната пауза овој викенд прволигашите своите средби од 8 коло ке ги одиграат утре- сабота а сите средби почнуваат од 15 часот. Екипата на ГФК Тиквеш е во серија од 3 победи (две во првенството и една во купот) но кавадарчани ке имаат тешко гостување кај непоразениот лидер екипата на Струга ТЛ. Дербито ке го одиграат Шкендија и Шкупи а во дербито на дното Работнички ја пречекува Победа. Брегалница ке има тешко гостување кај Скопје, а Академија Пандев е фаворит во дуелот со Македонија ЃП. Во ова коло слободен е Силекс.Второлигашите редовното 5 коло ке го одиграат во недела од 15 часот. Дербито ке го одиграат Гостивар и Воска. Пелистер ке му гостува на Охрид а Детонит Плачковица е фаворит во дуелот со Арсими. Кожув ке му гостува на Борец во Велес а Вардар патува кај Караорман и ке чека кикс на Воска. Беса ја пречекува Слога, Саса ке ја нагости Беласица а Тетекс ке му гостува на Пехчево. И третолигашите од група југ во недела од 15 часот ке ги одиграат средбите од 3 коло. Вардар Неготино ке патува во Кривогаштани кај екипата на Младост, Локомотива од Градско ке гостува кај Канатларци а Росоман ке го одигра дербито со Питу Гули на гостински терен. Марена ке брка први бодови на домашен терен со Бучин, Превалец игра со Големо Коњари. а Обршани ја пречекува Слога Лажани.

М. В.