МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По едно полувреме меѓу себе ке одиграат екипите на ГФК Тиквеш, Победа и Пелистер

Репрезентативната пауза ГФК Тиквеш ке ја искористи максимално. По тој повод во недела на 25 септември кавадаречкиот прволигаш ке го организира 22-от по ред меморијален турнир “Вуко Каров и Тиквешките легенди”. Годинва на турннирот ке учествуваат 3 екипи и тоа: омакинот ГФК Тиквеш – Кавадарци, ФК Победа од Прилеп и ФК Пелистер од Битола. Турнирот ќе се одигра по италијански систем секој со секого по едно полувреме. Во недела од 10 ч. клубска делегација ке положи свежо цвеќе на гробот на Вуко Каров. Од 13 часот ке следи претставување на учесниците на турнирот и свечено отварање а поздравни говори се очекуваат од спортскиот директор на ГФК Тиквеш Ефтим Илиеви од градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев. Во првиот натпревар од 13.45 ке се ссретнат Тиквеш и Победа во вториот од 14.30 ке играат Тиквеш и Пелистер а во третиот од 15.15 Победа и Пелистер. Од 16:15 часот предвидено е доделување на награди и благодарници и прогласување на најдобар играч и најдобар голман.

М.В.